
Заштита на вашите лични податоци
Оваа изјава за приватност дава информации за обработката и заштитата на вашите лични податоци.
Постапка на обработка: Europass платформа
Контролор на податоци: DG EMPL
Запис на референца: DPR-EC-04686.3
Европската комисија (во продолжение "Комисијата") e посветена на заштитата на вашите лични податоци и на почитување на вашата приватност. Комисијата ги собира и дополнително ги обработува личните податоци во согласност со Регулативата (ЕУ) 2018/1725 на Европскиот парламент и на Советот од 23 октомври 2018 година за заштита на физичките лица поврзано со обработката на лични податоци од страна на институциите, телата, канцелариите и агенциите на Унијата и за слободното движење на таквите податоци (со ставање вон сила на Регулативата (ЕК) бр.45/2001).
Оваа изјава за приватност ги објаснува причините за обработување на Вашите лични податоци, начинот на кој Комисијата ги собира, ракува со нив и обезбедува заштита на сите лични податоци кои ги давате. Таа, исто така, објаснува како таа информација се користи и кои права ги поседувате во врска со Вашите лични податоци. Истата ги прецизира и деталите за контакт на одговорниот контролор на податоци преку кој можете да ги остварите Вашите права, службеното лице за заштита на лични податоци и европскиот надзорник за заштита на лични податоци.
Информациите во врска со постапката за обработка “Европас платформа”, која ја спроведува Генералниот директорат на Комисијата за вработување, социјални прашања и вклученост (ДГ ЕМПЛ) се прикажани подолу.
Личните податоци доставени или внесени од корисниците на Еуропас платформата ќе се користат за креирање на нивната лична онлајн сметка и профил на Еуропас кои што се користат од Еуропас за:
- Давање на персонализирани предлози – Вашите податоци, вклучувајќи ги и податоците за вашата активност на платформата, ќе се користат за разбирање и пренесување на сигурни проценки за вашите преференции и интереси, со цел да ви се понудат соодветни вештини за работа и предлози за курсеви (на пр., вештини што можеби сте ги додале во вашите претходни искуства; можности за работа, курсеви или квалификации кои би можеле да бидат од интерес во врска со вашите вештини и преференции или зачувани понуди за работа или курсеви, итн.). Имате можност да ги исклучите.
- Проценка на перформансите на Европас – Европас ќе собира и колектира податоци врз основа на вашата активност за да ги разбере перформансите на платформата. Податоците за клучните индикатори за успех, како што е бројот на преземени Еуропас документи, бројот на посетувања на платформата и преземањата ќе бидат повремено објавувани на Еуропас платформата и истите ќе се користат за да се оцени успехот на истата. Вашите лични податоци нема да се користат за оваа цел.
- Спроведување на анализа на пазарот на труд и анализа на мобилноста на учењето – Информации како што се возраст, државјанство, работно и образовно искуство како и вештини, ќе бидат собрани искористени за статистички цели. Вашите податоци ќе бидат собрани и анонимизирани, со цел да се произведат само статистички показатели на високо ниво кои не вклучуваат никакви информации за лична идентификација. Ваквата обработка е во согласност со член 24(2)-(4) од (ЕУ) Регулативата 2018/1725 (Регулатива ГДПР). Овие податоци ќе се користат од страна на Европската комисија за да се утврдат трендовите во областа на образованието и вработувањето, за да се предвидат идните потреби за вештини и за да се подобрат услугите кои се нудат од Еуропас.
- Комуникација со корисниците на Европас – Обезбедување на информации за какви било промени (технички или безбедносни ажурирања) кои може да влијаат на вашиот Европас налог (на пр., испраќање на е-пошта за потребни акции за промена на механизмите за автентикација, ажурирани услови за користење или проблеми во врска со природата на податоците што ги обезбедивте на Европас).
- Комуникација со корисниците на Европас – Обезбедување na информации за функционалностите на Европас, информации релевантни за кариера и доживотно учење, информации за Европските дигитални акредитиви за учење или барање за учество во анкети, евалуации или други слични иницијативи. Секогаш ќе имате можност да се одлучите дали сакате или не сакате да учествувате во оваа комуникација.
- Одржување и усогласеност на Европас платформата – Податоците и информациите што содржат незаконска или несоодветна содржина можат активно да се пребаруваат и отстрануваат од платформата, како што тоа го бара Законот за дигитални услуги, Уредбата (ЕУ) 2022/2065.
- Поддршка на корисниците на Европас – Можете да дадете изричита согласност на обработувачот на податоци за да ги прегледа вашата сметка како и поврзаниот eлектронски портфељ или вашата поврзана сметка на вашиот „Онлајн градител на акредитиви“, со цел да ви се обезбеди поддршка за решавање на некој проблем на платформата или да се анализира коренот на проблемот што го имате пријавено.
Ги обработуваме Вашите лични податоци бидејќи:
- обработката е неопходна за извршување на задача од јавен интерес или за извршување на службено овластување што му е доделено на институцијата или телото на Унијата;
- цубјектот на податоци, дал/а согласност за обработка на неговите или нејзините лични податоци за една или повеќе одредени цели;
- обработката е неопходна за заштита на виталните интереси на субјектот на податоци или на друго физичко лице.
Со цел да ја спроведе оваа постапка за обработка ГД ЕМПЛ ги собира следните категории на лични податоци:
- Име
- Презиме
Обезбедувањето на овие лични податоци е задолжително за креирање на Еуропас профил. Ако не ги обезбедите овие информации, можните последици се дека нема да можете да креирате профил на Еуропас, па поради тоа нема да можете да креирате ниту сметка на Еуропас.
Дополнителните незадолжителни информации кои се собираат од Еуропас за креирање на целосен профил и можност за користење на услугите понудени од Еуропас, опфаќаат:
- Идентификатор за EU Login
- Историски информации за најавување на корисникот и методи за најавување
- Историски активности на корисничката сметка (листа на активности)
- Име и презиме
- Пол
- Профилна слика
- Дата на раѓање и возраст
- Место на раѓање
- Државјанство/а
- Јазици
- Пасош
- Документ за идентификација
- Дозвола за престој
- Контакт информации (т.е адреса на е-пошта, интернет-страница, телефонски број, социјални медиуми за размена на инстант пораки)
- Работно искуство
- Работна дозвола
- Детали за возачка дозвола
- Образование и обука
- Европски дигитални акредитиви за учење, односно дигитално потпишани акредитиви, кои содржат дополнителни податоци покрај категориите опишани овде (на пр., членство во група, лични идентификатори, родено име, патронимско име) кои се поставени во Мојата библиотека.
- Биографија
- Пропратни писма
- Апликации
- Податоци поврзани со работа и работно искуство
- Податоци поврзани со вештини (на пр., Мои вештини)
- Податоци поврзани со кариера и интереси за учење (на пр., Мои интереси, мои омилени)
- Податоци поврзани со образование и искуство од обуки
- Прикачени документи (на пр., слики, видеа, документи во прифатени формати итн.)
- Резултати од тестирање на дигитални вештини
- Податоци поврзани со лични и професионални достигнувања (на пр., проекти; публикации; вклученост во мрежи и членства).
- Податоци за интеракциите на корисникот (на пр., пријавување на слободни работни места и можности за учење или квалификации, пребарувани прашања и поврзани резултати од пребарувањето, итн.)
- Последно прифаќање на изјавата за приватност
- и дополнителни информации за вештини, квалификации и учење кои корисниците може да одберат да ги внесат.
ДГ ЕМПЛ ги чува вашите лични податоци само за време коешто е неопходно за исполнување на целта на собирањето или понатамошната обработка како што е опишано под прашањето „Зошто и како ги обработуваме вашите лични податоци?“, имено податоците се чуваат за период од 5 години по последната најава на вашата содржина во е-Портфолиото. Во текот на овој период, ќе добивате известувања за сите аспекти на Вашите податоци во Еуропас. Европските дигитални акредитиви за учење се чуваат за период од пет (5) години во ЕДЦ паричникот. При издавање на ЕДЦ и во согласност со нивните сопствени правила за приватност, институцијата што ги издава може да одлучи да се исклучи од создавањето на привремен Европас паричник за чување на ЕДЦ за време од шест (6) месеци. Корисникот е известен преку е-пошта.
Да, некои специјални категории на податоци се забранети според Член 10(1), како што се:
- Податоци кои откриваат расно или етничко потекло
- Податоци кои откриваат политички мислења
- Податоци кои откриваат религиски или филозофски убедувања
- Податоци кои откриваат членство во синдикати
- Генетски податоци, биометриски податоци за единствена идентификација на физичко лице
- Податоци поврзани со здравјето
- Податоци поврзани со сексуалниот живот или сексуалната ориентација на физичко лице
Може да постојат околности во кои таквите податоци се директно или индиректно присутни при прикачување документи. Ве молиме внимавајте да не ги додавате горенаведените категории на податоци во било какви податоци што ги додавате или документи што ги прикачувате на вашиот Европас.
Сите лични податоци во електронска форма (електронска пошта, документи, бази со податоци, прикачени кластери на податоци, итн.) се чуваат на серверите на Европската комисија. Сите постапки на обработка се извршуваат во согласност со одлуката на Комисијата (ЕУ, Еуратом) 2017/46 од 10 јануари 2017 година за безбедноста на комуникациските и информациските системи во Европската Комисија.
Со цел да ги заштити Вашите лични податоци, Комисијата има воспоставено голем број технички и организациски мерки. Техничките мерки вклучуваат соодветни активности кои се однесуваат на онлајн безбедноста, ризик од загуба на податоци, промена на податоци или неавторизиран пристап, земање предвид на ризикот претставен од обработката и природата на личните податоци кои се обработени. Организациските мерки вклучуваат ограничување на пристапот до лични податоци само за овластени лица со легитимна потреба кои имаат потреба да ги знаат истите за цели на оваа операција на обработување.
Пристап до вашите лични податоци е овозможен на персоналот на Комисијата кој е одговорен за спроведување на оваа постапка за обработка, како и на овластениот персонал според принципот на „потреба да се знае“. Тие лица се назначени според статутот, а кога е потребно, и според дополнителни доверливи договори.
Информациите кои ги собираме нема да бидат дадени на било која трета страна, освен до степен и за целите за кои може да ни бидат побарани според закон.
Како „носител(субјект) на податоците“, имате специфични права согласно поглавје III (членови 14-25) (ЕУ) Регулатива 2018/1725, а особено правото на пристап, исправка или бришење на вашите лични податоци, како и правото на ограничување на обработката на вашите лични податоци. Во случаите кога тоа е применливо, Вие, исто така, имате и право да поднесете приговор на обработувањето или право на преносливност на податоци.
Вие имате и право да поднесете приговор на обработувањето на Вашите лични податоци, кое легално се врши согласно членот 5(1)(a).
Имате дадено согласност за пристап до вашите лични податоци на ДГ ЕМПЛ или за моменталната постапка на обработка на податоци. Можете да ја повлечете Вашата согласност во било кое време преку известување на контролорот на податоци. Повлекувањето на истата нема да влијае на законитоста на обработувањето спроведено пред да сте ја повлекле согласноста.
Вашите права можете да ги остварите со контактирање на контролорот за обработка на податоци, или во случај на конфликт со службеникот за заштита на податоци. Доколку е потребно, можете да се обратите и до Европскиот надзорник за заштита на податоци.
Доколку сакате да ги остварите вашите права во контекст на една или повеќе специфични операции за обработка на податоци, ве молиме во вашето барање да го наведете нивниот опис (т.е. нивниот референтен запис/и како што е наведено под „Каде да најдете подетални информации?“ подолу).
Контролор на податоци
Доколку сакате да ги остварите вашите права согласно со (ЕУ) Регулативата 2018/1725, или доколку имате коментари, прашања или загриженост, или ако сакате да поднесете жалба во врска со собирањето и користењето на вашите лични податоци, слободно контактирајте го контролорот на податоци.
Службеник за заштита на податоци (СЗП) од Комисијата
Можете да го контактирате службеникот за заштита на податоци (СЗП) на Комисијата, за прашања поврзани со обработката на вашите лични податоци согласно со (ЕУ) Регулативата 2018/1725.
Европски надзорник за заштита на податоци (ЕНЗП)
Имте право на правен лек (т.е. право да поднесете жалба) до Европскиот надзорник за заштита на податоци, доколку сметате дека вашите права се повредени според (ЕУ) Регулативата 2018/1725 како резултат на обработката на вашите лични податоци од страна на контролорот за обработка на податоци.
Службеникот за заштита на податоци (СЗП) на Комисијата објавува регистар на сите операции за обработка на лични податоци од страна на Комисијата, кои се документирани и пријавени до него.
Оваа специфична операција на обработка е опфатена во јавниот регистар на СЗП со следната референца на запис: DPR-EC-04686.3