Најчесто поставувани прашања

2FA-FAQ

Јас креирав сметка на EU login, но не добив е-пошта за потврда. Што треба да направам?

Неколку минути по пополнувањето на формуларот, треба да добиете е-пошта во вашето електронско сандаче за е-пошта. Ако не можете да ја пронајдете е-поштата, проверете ја вашата папка за безвредна(spam) или за непотребна(junk) пошта.

Освен тоа, проверете дали сите полиња во формуларот правилно се пополнети. Во случај да сте ја внеле погрешно адресата на е-поштата. Ако е така, вашата единствена можност е повторно да се регистрирате. Можете да ги креирате вашите EU Login идентификациски податоци. Притиснете на врската ‘Креирај сметка’ на  главната страна на EU Login.

Се обидов да креирам сметка, но пишува дека мојата е-пошта е веќе регистрирана.

Тоа значи дека веќе сте креирале сметка за најава на EU login. Можеби е за друга апликација или веб-страница што не е Europass.

Отидете на ресетирај ја твојата лозинка и наведете ја вашата адреса на e-пошта и следете ги инструкциите на екранот.

Сум ја заборавил-а лозинката за EU. Што треба да направам?

Ако сте ја заборавиле вашата лозинка или сте добиле порака за грешка која гласи "внесена погрешна лозинка", тогаш можете да побарате е-пошта за обновување на вашата лозинка.

Наведете ја вашата адреса на e-пошта и следете ги инструкциите на екранот. Сега треба да можете да креирате нова лозинка.

Не располагам со паметен телефон. Како да поставам двофакторска автентикација?

Ако во овој момент не поседувате паметен телефон на кој може да се работи со мобилната апликација EU Login можете да користите други уреди за автентификација или да користите некои од нашите други опции за автентификација.

Можете да го користите било кој компатибилен IOS или Android таблет уред за да ја инсталирате EU Login Mobile апликацијата или можете да ги користите другите две достапни опции за автентификација:

  • Безбедносен клуч (како што е Yubikey);
  • Доверлива платформа (како што е Window Hello) на вашиот компјутер.

Најдете повеќе информации за овие две опции преку упатството за EU Login и на страниците за поддршка на EU Login.

Каде можам да ја преземам EU login апликацијата?

Можете да ја преземете мобилната апликација за EU Login од Google Play продавницата (ако имате Android како оперативен систем на вашиот уред) или од Apple App Store (ако имате iOS како оперативен систем на вашиот уред).

Како да ја поставам EU login апликацијата на мобилен уред?

За да ја поставите мобилната апликација EU LOGIN како втор метод на автентификација за пристап до порталот Europass, треба да следите 3 чекори:

  • Да ја преземете апликацијата.
  • Да поставите „Мобилни уреди" на вашите идентификациски податоци за најава на EU Login на веб-страницата на ECAS.
  • Да изберете ‘Мобилна апликација + Пин’  метод за автентификација.

 

Преземете ја апликацијата на вашиот уред. Откако ќе ја креирате сметката и успешно ќе се идентификувате за прв пат на веб-страницата на ECAS, повлечете го глувчето во горниот десен агол за да се покаже менито и изберете ‘Моја сметка(профил)’.

Притиснете на ‘Управување со моите мобилни уреди’. Притиснете на ‘Додади мобилен уред’.

Пополнете ги потребните информации на екранот "Додади мобилен уред". Треба да дадете име за вашиот уред и да поставите четирицифрен ПИН код.

Притиснете на копчето поднеси.

Отворете ја апликацијата EU Login на вашиот телефон и изберете ја опцијата  ,ИницијализираЈ’ . Следете ги инструкциите на екранот и дозволете пристап до вашата камера.

На вашиот мобилен уред ќе се вклучи скенерот за QR кодови, а на екранот на вашиот компјутер ќе се покаже QR код.

Насочете ја камерата на вашиот мобилен телефон кон екранот на компјутерот додека QR кодот не биде препознаен.

На екранот "Автентицирај", внесете го четирицифрениот ПИН код што сте го задале претходно и кликнете на "Автентифицирај".

На вашиот уред ќе се прикаже порака за успех, кое го потврдува усогласувањето на вашиот мобилен уред со EU Login.

Честитки! Вашата мобилна апликација EU Login е успешно инсталирана и може да се користи за автентификација. Притиснете на "Продолжи" за да бидете пренасочени на екранот за добредојде.

Дали можам да го користам истиот уред со EU login апликацијата за пристап до повеќе Europass сметки?

Не, можете да пристапите само до една сметка на Europass (или EU login) по  уред.

Како да го променам мојот ПИН код за EU login апликацијата?

Ако го изгубите или го заборавите ПИН кодот за EU login мобилната апликација, ве молиме следете ги инструкциите подолу:

  • Отворете ја EU login мобилната апликација
  • Одете во подесувања
  • Во горниот десен агол, притиснете на 3-те точки (Android) или на тркалото (IOS)
  • Притиснете на заборавен пин код
  • Внесете ги вашите идентификациски податоци за EU login поврзани со апликацијата
  • Изберете нов пин код 
Дали можам да ја користам EU login апликацијата без да го заштитам мојот уред?

Не, не е можно да се користи EU Login мобилната апликација без заштита на вашиот уред со пин, шаблон или отпечаток од прст.

Како да се пријавам со двофакторна автентификација 2FA?

За да се пријавите, прво мора да влезете во порталот на Europass преку функцијата "Најава" за да се поврзете. Потоа, опцијата што сте ја избрале при поставувањето ќе биде единствената која ќе ви се покаже и оттука натаму ќе биде многу едноставно.

Внесете ја вашата лозинка во полето "Лозинка".

Притиснете на копчето "Пријави се".

На вашиот телефон, автоматски се отвора ПИН кодот на мобилната апликација EU Login  и ви предлага да го внесете вашиот ПИН код.

Внесете го вашиот ПИН код и притиснете на ‘Автентицирај’.

Ако апликацијата е активна (на предниот план), таа автоматски ќе ве пренасочи кон селекторот на пребарувачот.

Ако апликацијата е во позадина, на вашиот уред ќе се прикаже известување. Ве молиме прифатете го ова известување за да бидете успешно пренасочени.

Зошто ја активираш двофакторната автентификација?

Активирањето на двофакторната автентификација (2FA) е една од најефикасните мерки за борба против кражба на идентификациски податоци. Таа бара и втора информација, покрај корисничкото име и лозинката. Тоа може да биде фактор на знаење (нешто што корисникот го знае, на пример, ПИН-код), фактор на поседување (нешто што корисникот го има, на пример, безбедносен токен, мобилен уред или апликација за паметен телефон) или биометриски фактор (на пример, отпечатоци од прсти, препознавање на лице и глас). Со осигурување на второ ниво на автентификација, 2FA ја зголемува безбедноста на податоците во многу поголема мера. Ако, на пример, лозинкатае компромитирана, таа нуди уште едно ниво на заштита за да го блокира неовластениот пристап.

Европската комисија ја востановила употребата на 2FA, особено EU Login 2FA, како задолжителна за своите ИТ системи кои обработуваат чувствителни некласифицирани (SNC) информации и силно ја препорачува за своите ИТ системи кои ракуваат со информации кои се „јавно достапни" и „користени од Комисијата ".

Зошто треба да користам 2FA?

Користењето на 2FA обезбедува дополнителна безбедност на податоците и ги намалува активностите на измама. На овој начин, можете да пристапите до вашата сметка од било кој систем или средина без ризик за вашите лични и чувствителни податоци.

Каде да го пронајдам QR кодот?

Најпрво, на вашиот десктоп уред, треба да додадете мобилен уред на вашата  EU login сметка. Отвори интернет пребарувач на твојот компјутер и следи ја оваа врска.

Ќе ви биде побарано да се идентификувате. Потоа притиснете на "Додади мобилен уред" во пребарувачот на вашиот компјутер. Откако ќе ги исполните сите чекори, ќе биде генериран QR код.  Дополнителни информации можете да најдете на страна 12 од упатството за корисници.

Мојот читач на QR кодови посочува дека кодот е неважечки. Како да постапам?

Имајте во предвид  дека QR кодот треба да го прочитате со EU login апликацијата, а не со вашиот обичен читач на QR кодови.

Јас веќе користам eID за најава на Europass. Дали треба да го активирам како втор фактор за најава?

Не, ако веќе го користите eID за најава на Europass, можете да продолжите да се најавувате како досега. Не е потребно одделно да ја активирате двофакторната автентикација за најава.

Како да го активирам eID како втор фактор за автентификација?

За да го поврзете вашиот eID (електронски идентификатор еИД) со вашата EU Login сметка:

  • Најавете се на вашата EU login сметка,
  • Одете во подесувања и кликнете на Поврзи го мојот eID.

Оваа опција може да ја поврзе вашата национална електронска лична карта со вашата EU Login сметка.

Потоа, завршете ја постапката според чекорите објаснети во документот со инструкции.

Темпламеjtи за Европаc

Што е Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ)?

Заедничката европска референтна рамка за јазици е упатство од Советот на Европа што се користи за да се опишат достигнувањата на учениците за странски јазици. ЗЕРРЈ (CEFR) овозможува метод на учење, предавање и проценување што важи за сите јазици во Европа. ЗЕРРЈ вклучува шест референтни нивоа, кои се користат низ цела Европа за да може да се разбере познавањето на јазиците. ЗЕРРЈ (CEFR) мрежата за самопроценка се користи на Европас профилот за да им помогне на луѓето да ја самопроценуваат подготвеноста на својот јазик.

Што е Europass Мобилност?

Европас Мобилноста може да ви помогне да покажете вештини кои сте ги стекнале за време на вашето искуство од мобилност во друга земја.

Што е Europass Додаток на Сертификат?

Europass Додаток на Сертификат може да ви помогне да ги опишете вашите квалификации за стручно образование и обука на јасен и конзистентен начин.

Што е Додаток на Диплома?

Europass Додаток на Диплома може да ви помогне да ги опишете вашите квалификации за високо образование на јасен и конзистентен начин.

Што се случи со Europass Јазичниот Пасош?

Europass Јазичниот Пасош е создаден како еден од Europass обрасците на документите во 2004 година како алатка за самооценување за јазични вештини и квалификации.

Сегашниот Europass го интегрираше јазичниот пасош во рамките на Europass профилот како дел наречен, јазични вештини. Вие сеуште можете да ги самопроценувате своите јазични компетенции врз основа на Заедничката Европска Референтна Рамка за Јазици (ЗЕРРЈ) и можете да ги споделувате вашите резултати со работодавците или образовните институции по потреба.

Како самостојно да ги процените вашите јазични вештини?

Можете да ги самопроценувате своите јазични вештини во вашиот Europass профил. За да ги само-процените своите вештини значи дека треба да размислувате за вашите вештини и да ги опишувате нивоата на истите. Можете да пополните едноставна табела за само-проценка на вашиот Europass профил за да ги опишете јазичните вештини. Можете да ги прочитате сите описи на алатката за само-проценка и да го изберете нивото кое сметате дека најдобро ги опишува вашите вештини за слушање, читање, говорна интеракција, говорно изразување и пишување на кој било јазик. Вие исто така ги чувате и вашите јазични сертификати во Europass библиотеката. Алатката за самооценување ја користи Заедничката Европска Референтна Рамка за Јазици (ЗЕРРЈ).

Може да ја споделите табелата за само-проценка од вашиот Europass профил за да ја споделите со други, како што се работодавците, образовните институции или институциите за обука.

Како да ги опишам моите дигитални вештини.

Можете да ги наведете и организирате вашите дигитални вештини на вашиот Europass профил. Можете да креирате листа на сите ваши дигитални вештини, вклучувајќи алатки и софтвер што го користите, како и проекти или достигнувања за кои сте горди. Можете да ги опишете алатките што ги употребувате за вашата работа или студии, како и алатките што ги користите во слободното време (на пр. Социјални медиуми, блогирање, игри). Можете исто така да ги организирате своите вештини во различни групи, на пр. креирајте група дигитални алатки што ги користите за дизајн; или дигитални вештини што ги користите во вашата работа, или дури и листа на дигитални вештини што сакате да ги развивате.

Што е Europass Пасош за Вештини?

Europass Пасошот за Вештини беше алатка која се нудеше на Europass до 2019 година. Им овозможуваже на корисниците да креираат колекција на документи во една датотека. Сепак, Europass Пасошот за Вештини веќе не се нуди, регистрираните корисници на Europass сега можат да споделуваат документи од нивната Europass библиотека.

Пoддршкa И Инфopмaции

Што е Европска квалификациска рамка (ЕКР)?

Европската квалификациска рамка (ЕКР) е алатка на ЕУ што ги прави квалификациите разбирливи во државите и системите. ЕКР дозволува квалификациите стекнати во која било европска држава да се разберат преку едноставен систем на осум нивоа. Информациите за ЕКР може да бидат вклучени во вашата квалификациска диплома, додаток на диплома или додаток на сертификат. Можете да вклучите информации за нивото на квалификација на ЕКР во вашата кратка биографија и апликации за да им помогнете на работодавците или институциите за образование и обука во други држави да ги разберат вашите квалификации