Менаџирање на вашите лични информации во Европас

Заштитувањето на вашите лични информации е приоритет на Европас. Европас никогаш нема да сподели, продава, или користи ваши лични информации од вашиот Европас профил. Вие имате контрола со кого ќе споделите ваши информации и колкав временски период ќе го правите тоа.

Како Европас ги користи вашите информации?

Европас користи информации во вашиот профил за анализирање на вашите вештини и предложува интересни работни места и курсеви за вас. Секогаш може да изберете да ги исклучите овие функции на Европас.

Европас собира анонимни статистики (на пример, колку посетители се регистрирани во Европас) и трендови (на пример, дали корисниците на Европас имаат високи нивоа на дигитални вештини). Вашите лични податоци никогаш нема да се користат за овој процес.

Секогаш може да го избришете целиот, или дел од вашиот 

Европас профил, така што секогаш ќе имате контрола на вашата комуникација.

Зачувување на информации во вашиот Европас профил

Вашиот Европас профил е ваша лична онлајн алатка за менаџирање на сите ваши информации за вашите вештини, квалификации и искуства. Може да вклучите лични информации во вашиот профил, и да зачувувате фајлови (на пример, CV, дипломи) во вашата Европас библиотека.

Не треба да зачувувате информации во Европас кои може да се сметат за несоодветни или навредливи, или кои содржат лични чувствителни информации (на пример, за вашето здравје).

Споделување на информации од вашиот Европас профил

Европас никогаш нема да го сподели вашиот профил, или ваши фајлови, без ваша согласност. Може да споделите линкови од вашиот Европас профил и фајлови (на пример,кратки биографии, дипломи) од вашата Европас библиотека со вашите работодавци, образовни инстититуции и други, ако посакате.

Секогаш бидете сигурни дека го знаете идентитетот со кого споделувате ваши информации. Ве замолуваме да бидете свесни дека во некои случаи примателите, во одредени држави надвор од ЕУ, може да не се предмет на условите за заштита на податоци.

Повеќе информации

Европас е бесплатна алатка, развиена од Европската комисија, за работење и учење во Европа. Може да го контактирате Европас за прашања како да ги менаџирате вашите лични информации.

Може да ја прочитате официјалната Европас изјава за приватност која содржи детали за контакт за Европскиот ревизор за заштита на податоци (ЕДПС).