Европас дигитални акредитиви

Европас дигитален акредитив е дигитална датотека, издадена од институцијата каде што сте студирале. Ја опишува вашата квалификација и може да содржи информации за вашите часови, оценки, проекти и други достигнувања.

Ако сакате да студирате, работите или волонтирате, најчесто треба да доставите доказ за своите квалификации и достигнувања до работодавците, образовните институции и други. Ова може да биде тежок процес, особено ако сакате да се преселите во друга држава за нова можност.

Европас дигиталните акредити ви овозможуваат да ги примате и споделувате вашите дигитални образовни степени, дипломи и сертификати од институции за образование и обука на лесен и ефикасен начин. Институцијата каде што сте студирале може да ви издаде диплома или сертификат во вид на Eвропас дигитален акредитив. Може да побарате да ја добиете дигиталната датотека за да ја зачувате во паричник во вашата Европас библиотека, или можете да побарате таа да ви биде испратена директно преку е-пошта, или на друга локација. Датотеката со вашиот Европас дигитален акредитив е важна, затоа секогаш проверете дали е безбедно зачувана.

 

Зошто ми треба Европас дигитален акредитив?

Можете да го споделите вашиот Европас дигитален акредитив со работодавците, институциите за образование и обука или други организации на кои им е потребна информација за вашите квалификации. Кога ќе го видат вашиот Европас дигитален акредитив, тие ќе можат автоматски да потврдат дека вашата квалификација е вистинска, дека ви припаѓа вам, и тие можат да добијат подобра слика за вашите вештини и искуства. Секогаш осигурајте се дека го знаете идентитетот на секого со кого ги споделувате вашите акредитиви. Ако ги чувате вашите акредитиви во вашата Европас библиотека, можете да ги споделите само за одредено време.

Системот Европас дигитални акредитиви е управуван од Европската комисија и е бесплатен и безбеден. Европската комисија започна да работи со државите-членки на ЕУ и другите држави за воведување на Европас дигитални акредитиви. Вие би можеле да бидете еден од првите дипломирани студенти што ќе ја добиете вашата диплома, или сертификат во форма на Eвропас дигитален акредитив.

Вашата институција ќе ве информира доколку добиете Eвропас дигитален акредитив. Можете, исто така, да нè контактирате доколку имате прашања во врска со Европас дигиталните акредитиви.

Smiling young woman showing her mobile phone