Подготовка за студирање во странство

Ако планирате да студирате или да ја завршите обуката во некоја друга држава на ЕУ, треба да ги претставите вашите квалификации (степен, диплома или доказ за стручна обука) пред некоја образовна и тренинг институција. Оваа чек-листа со совети и информации може да ви помогне да добиете признавање на вашата квалификација и да студирате во странство.

Enthusiastic young woman sitting on the floor next to a suitcase and typing on a laptop

Проверете ги информациите

Кога избирате курс проверете ги информациите за школарина; времетраење на студиите; процесот на аплицирање и признавање на вашите студии во странство.

Ако одите преку размена на студенти во една институција во друга држава, потрудете се да добиете јасни информации од вашата институција и од институцијата каде ќе се школувате за курсевите, оценките и вклучените испити.

 

Добијте информации за признавање на квалификациите

Ако имате потреба од повеќе информации, контактирајте го центарот ЕНИК-НАРИК во соодветната држава. Центрите ЕНИК-НАРИК нудат евалуации и советување за признавање на квалификации во странство, кои може да ви помагнат во објаснувањето на вашите квалификации пред образовните и тренинг институции.

Може да вклучувате информации за нивото на вашата квалификација во вашата Европас кратка биографија и во вашите документи за аплицирање за да им помогнете на луѓето подобро да ја разберат вашата квалификација. Вашата образовна институција може да даде повеќе информации за вашите квалификации.

Проверете ги и споредете нивоата на квалификациите 

Проверете го нивото на вашата квалификација на националната рамка за квалификации во вашата држава. Многу држави имаат национална рамка за квалификации, кои ги мапираат разните видови на квалификации во националниот образовен систем. Исто така, може да го проверите соодветното ниво на вашата квалификација на Европската рамка за квалификација (ЕРК). ЕРК помага во споредувањето на системите за квалификации во Европа

багаж

Подгответе релевантни документи

Подредете ги вашите документи, за да имате лесен пристап до вашите дипломи, уверенија на оценки и преводи за да можете да ги споделите со образовната и тренинг институција кај што аплицирате. Дали сте знаеле дека може да ги зачувате сите ваши дигитални документи во вашата Европас библиотека?

  • Ако имате квалификација за високо образование, може да побарате Додаток на диплома од институцијата каде што сте студирале, кој вклучува информации за вашата квалификација.
  • Ако имате стручна квалификација, може да добиете Европас додаток на сертификат од институцијата каде сте студирале, кој вклучува информации за вашата квалификација.