Услови и правила за користење на Europass

Вовед

Услугите на платформата Europass ви се на располагање според следните услови и правила за користење. Со пристап или користење на нашата платформа, се согласувате да бидете обврзани со овие услови и правила за користење.

Европската комисија, како сопственик на платформата, е одговорна за нејзината сигурност, доверливост и достапност за сите корисници. Поради тоа беше воведена низа на услови и правила за да се регулира користењето на платформата и да се осигура дека платформата се користи за наменетата цел, а тоа е промовирање на поголема транспарентност на квалификациите и компетенциите со помош на збир на алатки и документи. Важно е да сте запознаени и да се придржувате до овие услови и правила за да се поддржи безбедна, сигурна и правична средина за сите корисници.

Затоа, за користење на платформата Europass важат следните услови:

Незаконска или збунувачка содржина

На платформата Europass смеете да поставувате, складирате или споделувате само содржина што е во склад со намената на Europass. Несмеете да ја користите платформата Europass за да поставувате, складирате или споделувате каква било незаконска или збунувачка содржина, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се, на лажни информации, плагијати или повреди на интелектуална сопственост (содржина што ги нарушува правата на интелектуална сопственост на други лица, како што се материјали заштитени со авторски права или трговски марки).

Приватност и заштита на лични податоци

Мора да ја почитувате приватноста на другите корисници и да се придржувате до правилата за заштита на податоците. Не смеете да поставувате или споделувате чувствителни или лични информации без изречна согласност на сопственикот.

Етичко однесување

Мора да ја користите платформата Europass во согласност со етичките начела, избегнувајќи какви било дејства кои можат да бидат штетни, навредливи или дискриминаторски кон другите. Не смеете да поставувате, складирате или споделувате каква било неетичка или несоодветна содржина.

Сигурност

Ваша одговорност е да се грижите за сигурноста на вашиот профил и да креирате силна и сигурна лозинка која нема да ја споделувате со други лица. Не споделувајте информации за вашиот профил со други и не барајте податоци за најавување на туѓ профил. Освен тоа, можете да преземете дополнителни разумни чекори за да ја осигурате безбедноста на вашиот профил, вклучително, но не и ограничено на, активирање на двофакторска автентикација која ја нуди EU login.

Измена на условите и правилата за користење

Европската комисија го задржува правото во било кое време да ги измени овие услови и правила за користење. Секоја таква промена ќе биде објавена на Europass платформата, а вашата понатамошна употреба на платформата Europass од ваша страна претставува прифаќање на најновата верзија на условите и правилата.

Со користење на платформата Europass, вие ги прифаќате и се согласувате да се придржувате кон политиките и прописите наведени во овие услови и правила за користење.

Во случај на било какво прекршување на условите и правилата, Европската комисија го задржува правото да ја отстрани секоја содржина што може да се смета за незаконска, погрешна, неетичка или на било кој друг начин несоодветна. Комисијата дополнително го задржува правото привремено или трајно да го ограничи, суспендира или блокира пристапот до оваа платформа на било кој корисник што ги прекршува условите и правилата, како и да ги избрише сите податоци поврзани со овие профили. Европската комисија не сноси никаква одговорност за загуби или штети што произлегуваат од таквото дејство.

Ви благодариме за соработката и придржувањето кон овие услови и правила.