Европас профил

Европас профил е алатка која може да им помогне на луѓето да управуваат со своето учење и кариера.

Европас профилот може да им помогне на луѓето да го планираат своето учење и развој на кариерата. Профилот може да го користат организации – работодавaчи, волонтерски организации, регрути, кариерни советници, младински организации, институции за образование и обука и други - како дел од поддршката и услугите што им ги нудат на луѓето.

Што е Европас профил?

Европас корисниците можат да создадат бесплатен Европас профил, да ги внесат сите свои вештини, квалификации и искуства на една безбедна, онлајн локација. Корисниците можат да ги внесат сите нивни искуства од работа, образование и обуки, јазични вештини, дигитални вештини, информации за проекти, волонтерски искуства и достигнувања. Тие, исто така, можат да ги чуваат своите дипломи, писма за препорака или други документи во личната Европас библиотека.

 

Профилот може да се користи на повеќе начини:

  • За поддршка на вработените да го забележат своето искуство и да управуваат со нивниот професионален развој;
  • За охрабрување на младите луѓе да ги внесат своите вештини и да ги испланираат своите кариери;
  • За студентите да ги внесат своите академски достигнувања и напредок во текот на образованието и програмите за обука;
  • За волонтерите да водат евиденција за нивните волонтерски искуства;
  • Да им помогне на лицата кои бараат работа, или лицата кои бараат промени во кариерата, да ги идентификуваат своите вештини и нови можности;
  • Барајќи од апликантите да го подготват и поднесат профилот како дел од нивната апликација за работно место;
  • За да се поддржи валидацијата на неформалното и непосредното учење, како алатка, за да можат луѓето да дискутираат и да ги документираат вештините што ги развивале во текот на целиот свој живот.

 

girl holding out a mobile phone and pointing to it

Европас профилот е алатка за доживотно учење. Со постојано ажурирање и додавање на нивниот профил, корисниците секогаш ќе имаат пристап до ажурираната слика на сите нивни вештини. Корисниците што ќе креираат Европас профил ќе добијат предлози за интересни работни места и курсеви засновани на информациите од нивниот профил

Користење на Европас профилот

Европас профилот можете да го користите како дел од услугите и поддршката што им ја нудите на луѓето - без оглед дали е за студии, кариера, волонтирање, или други активности. Европас е бесплатен за користење. Корисниците можат да се регистрираат и да креираат свој профил на едeн, или на повеќе јазици на ЕУ. Регистрираниот корисник ги контролира сите свои податоци, избира со кого ќе ги сподели своите податоци и за колкав временски период. Европас  никогаш нема да споделува лични податоци без согласност на корисникот.

Започнете

Можете да ги прочитате нашите често поставувани прашања (ЧПП) или да нè контактирате за да дознаете повеќе за тоа како Европас може да ви помогне во работата со клиенти, студенти и вработени.