Испраќање на вашето Europass CV до EURES

Информации за EURES за лицата кои бараат работа и изјава за заштита на податоците на EURES

Дали сакате да го испратите вашето Europass CV на EURES порталот?

EURES е мрежа на служби за вработување која ги опфаќа сите земји-членки на ЕУ, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Во просек, на порталот EURES се наведени повеќе од 4 милиони достапни работни места. Од 1994 година над 1000 советници на EURES им помогнаа на барателите на работа да најдат работа, а на работодавачите да најдат соодветни кандидати низ цела Европа. Можете да го испратите вашето Europass CV на порталот EURES, каде што може да го видат советниците на EURES и илјадници работодавачи. Посетете го порталот EURES за да дознаете повеќе за EURES. Откако ќе го споделите вашето Europass CV со EURES, можете да го избришете или ажурирате CV-то во секое време. 

Покрај совпаѓањето на работни места, EURES нуди и други услуги на располагање на корисниците на Europass:

  • EURES има дел со опширни информации за Условите за живот и работа во 31 европска земја
  • Можете да контактирате со советниците на EURES кои се наведени на порталот EURES за индивидуална поддршка во процесот на барање работа.
  • Порталот EURES има многу интересни статии и совети за баратели на работа кои ќе ви бидат корисни.

Заштита на вашите лични податоци

Информациите во вашето Europass CV содржат лични податоци заштитени со законодавството на ЕУ. Ова значи дека со испраќање на вашето Europass CV на порталот EURES, ги пренесувате вашите лични податоци. Оваа обработка треба да биде во согласност со:

  • Регулатива (ЕУ) 2018/1725, која се применува за обработка на лични податоци од страна на европските институции и тела
  • Регулатива 2016/679 (Општа регулатива за заштита на податоците), што е применлива за било каква обработка на податоците од страна на организации што се надвор од институциите и телата на ЕУ

Основно барање од овие правни акти е дека мора да дадете експлицитна согласност за пренесување на вашето Europass CV на порталот EURES. имате право во секое време да ја повлечете својата согласност. Ако сте малолетник, мора да имате согласност од вашите родители или законски старатели.

Важно е да ја разберете целта на обработката (користењето) на податоците на порталот EURES.

Порталот EURES обезбедува информации и услуги во корист на лицата кои бараат работа, заинтересирани да најдат работа или други можности во Европа, работодавците и организациите заинтересирани да најдат кандидати од други земји, како и секој граѓанин кој сака да има корист од принципот на слободно движење на лица. Принципот на слободно движење значи дека вие како граѓанин на ЕУ/ЕЕА имате слобода да работите било каде во овие земји.

Базата на податоци со CV-а на EURES порталот им овозможува на барателите на работа можност да ги објават своите Cv-а/онлајн профилите на барателите на работа и работодавците, можност да пребаруваат и да ги гледаат CV-та/профилите на лицата кои бараат работа на потенцијалните кандидати.

Алатката за совпаѓање на EURES порталот нуди автоматска услуга за пронаоѓање на соодветни слободни работни места и CV/профили на лица кои бараат работа употребувајќи алгоритми засновани врз бројни критериуми, како што се образованието на кандидатите, искуството, вештините, тековната и посакуваната локација, посакуваното занимање и други.

Изјавата за заштита на податоците на EURES ви ги дава сите информации што треба да ги знаете за заштитата на вашите лични податоци кои се пренесуваат на порталот EURES. Сите компании кои обработуваат и чуваат лични податоци треба да имаат изјава за заштита на податоците. Подолу е дадено кратко објаснување на изјавата за заштита на податоците на EURES, како и соодветната врска каде што ќе ја најдете оригиналната изјава во целост, ве молиме прочитајте ја.

Европската канцеларија за координација за EURES, која во моментот е основана во рамките на Европскиот орган за работа е контролор на порталот EURES.

Изјава за заштита на податоците на EURES

Изјавата за приватност обезбедува информации за обработката и заштитата на вашите лични податоци, под точка А. Посебните услови и правила за користење на услугите на порталот EURES, вклучувајќи ги и правилата за заштита на податоците, се наведени во точка Б. Со прифаќањето на овој документ се согласувате со обработката на вашите лични податоци во согласност со условите наведени подолу и исто така се согласувате дека ќе ги користите услугите на порталот EURES во согласност со посебните услови и правила наведени подолу, со посебно внимание на усогласувањето со применливите правила за заштита на податоците.

Видете ја изјавата за заштита на податоците и посебните услови и правила за користење на услугите на EURES порталот.