Заедничката европска референтна рамка за јазиците
Можете да само-процените колку добро зборувате, разбирате и читате на различни јазици. Заедничката европска референтна рамка за јазиците нуди збир на описи за да ви помогне да ги разберете своите јазични вештини.
Разбирање
Разбирам познати зборови и основни фрази што се однесуваат на мене, на моето семејство и на непосредното конкретно опкружување кога луѓето зборуваат бавно и јасно.
Разбирам фрази и најчестиот вокабулар поврзан со областите што ми се лично релевантни (на пр. основни лични и семејни информации, купување, локална област, вработување). Можам да ја разберам главната поента во кратки, јасни и едноставни пораки и соопштенија.
Можам да ги разбирам главните поенти на јасен и стандарден говор за познати теми поврзани со работата, училиштето, слободното време итн. Ја разбирам главната поента на многу радио или ТВ-емисии за тековни настани или теми од личен и професионален интерес кога дикцијата е релативно бавна и јасна.
Разбирам проширен говор и предавања и можам да следам дури и комплексни аргументирани реплики под услов темата да биде релативно позната. Ги разбирам повеќето ТВ-вести и програми за тековни настани. Ги разбирам повеќето филмови на стандарден дијалект.
Разбирам проширен говор дури и кога не е јасно структуриран и кога односите се имплицитни и не се јасно означени. Ги разбирам телевизиските програми и филмови без многу напор.
Немам потешкотија во разбирањето на кој било говорен јазик, без разлика дали е во живо или емитуван, дури и кога е пренесен со голема брзина на роден говорител под услов да имам време да се навикнам на акцентот.
Разбирам познати имиња, зборови и едноставни реченици, на пример во известувања и постери или во каталози.
Можам да читам многу кратки и едноставни текстови. Можам да најдам конкретни, предвидливи информации во едноставен, секојдневен материјал како што се огласи, брошури, менија и распореди и разбирам кратки, едноставни приватни писма.
Разбирам текстови што главно содржат чест секојдневен јазик или јазик поврзан со работата. Го разбирам описот на настаните, чувствата и желбите во приватните писма.
Можам да читам написи и извештаи што се однесуваат на современи проблеми во коишто авторите заземаат одредени ставови или гледишта. Разбирам современа литературна проза.
Разбирам долги и сложени фактички и литературни текстови, препознавајќи ги различните стилови. Разбирам специјализирани написи и подолги технички упатства дури и кога не се поврзани со моето поле.
Со леснотија можам да ги читам буквално сите форми на пишаниот јазик, вклучувајќи и апстрактни, структурно или лингвистички сложени текстови како прирачници, специјализирани написи и литературни дела.
Зборување
Можам да комуницирам на едноставен начин под услов другото лице да биде подготвено да ги повторува и парафразира работите со помала брзина и да ми помага да го формулирам тоа што сакам да го кажам. Можам да поставувам и да одговарам на едноставни прашања на места каде што има моментална потреба или за познати теми.
Можам да комуницирам во едноставни и рутински задачи што бараат едноставна и директна размена на информации за познати теми и активности. Можам да се снајдам во кратки, друштвени разговори, иако, обично не можам да разберам доволно за да го одржам разговорот.
Можам да се справам со повеќето ситуации коишто може да се случат при патување во области каде што се зборува јазикот. Можам да се вклучам во разговори на познати теми, теми од личен интерес или од секојдневниот живот (на пр. семејство, хоби, работа, патувања и тековни настани) без да се подготвам.
Можам да комуницирам со степен на флуентност и спонтаност што ја прави редовната комуникација со родените говорници прилично возможна. Можам да земам активно учество во дискусии со познат контекст, објаснувајќи ги и поддржувајќи ги моите погледи.
Можам да се изразам течно и спонтано без многу очигледно барање на изразите. Можам да го користам јазикот флексибилно и ефикасно за социјални и професионални цели. Можам прецизно да формулирам идеи и мислења и вешто да го поврзувам мојот придонес кон оние на другите говорници.
Лесно можам да се вклучам во кој било разговор или дискусија и имам добро познавање од идиоматските изрази и колоквијализми. Можам да се изразам течно и прецизно да пренесам посуптилни нијанси во значењето. Ако имам проблем, можам да се повлечам и да ја заобиколам потешкотијата толку беспрекорно, што другите нема ни да забележат.
Можам да користам едноставни фрази и реченици за да опишам каде живеам и луѓето што ги знам.
Можам да користам серија на фрази и реченици за да дадам едноставен опис на моето семејство и другите луѓе, условите на живеење, моето образование и мојата сегашна или последна работа.
Можам да поврзам фрази на едноставен начин за да опишам искуства и настани, моите соништа, надежи и амбиции. Можам да давам кратки причини и објаснувања за опции и планови. Можам да раскажам приказна или да ја раскажам содржината на одредена книга или филм и да ги опишам моите реакции.
Можам да презентирам јасни и детални описи на најразлични теми поврзани со моето поле од интерес. Можам да објаснам гледиште за прашање поврзано со одредена тема, презентирајќи ги придобивките и недостатоците на различните опции.
Можам да презентирам јасни и детални описи на комплексни теми што опфаќаат поттеми, изнесувајќи одредени поенти и заокружувајќи со соодветен заклучок.
Можам да презентирам јасен и беспрекорен опис или аргумент со стил што одговара на контекстот и со ефективна логичка структура, што ќе му помогне на слушателот да забележи и запомни важни поенти.
Пишување
Можам да напишам кратка, едноставна поштенска картичка, на пример, за испраќање празнични поздрави. Можам да пополнувам формулари со лични детали, како што се името, националноста или адресата во хотелски формулар.
Можам да пишувам кратки и едноставни белешки и пораки. Можам да напишам многу едноставно приватно писмо , на пр. за да му се заблагодарам некому за нешто.
Можам да напишам едноставен текст поврзан со познати теми или теми од личен интерес. Можам да пишувам приватни писма опишувајќи искуства и впечатоци.
Можам да напишам јасен и детален текст на најразлични теми поврзани со моите интереси. Можам да напишам есеј или извештај, да пренесам информации или да дада причини за или против одредено гледиште. Можам да пишувам писма нагласувајќи ја личната важност на настаните и искуствата.
Можам да се изразам со јасен и добро структуриран текст, изразувајќи гледишта одреден временски период. Можам да пишувам за сложени теми во писмо, есеј или извештај, нагласувајќи ги најважните проблеми според мене. Можам да изберам стил што одговара на потенцијалниот читател.
Можам да пишувам јасен и беспрекорен текст со соодветен стил. Можам да пишувам сложени писма, извештаи или написи коишто презентираат случај со ефективна логичка структура, што ќе му помогне на слушателот да забележи и запомни важни поенти. Можам да пишувам резимеа и рецензии за професионални или литературни дела.