Дали Europass може да ги преведе моето Europass CV и мотивациско писмо?

Можете да креирате ваш Europass профил, Europass CV и мотивациско писмо на 29 различни јазици. Сепак, Europass не ги преведува информациите што веќе сте ги внеле во вашиот профил или документи.

Може ли да направам различни верзии од моето Europass CV?

Може да направите различни верзии од вашето Europass CV. Можете исто така да ги користите различните достапни видливи обрасци. Регистрираните корисници можат да ги складираат различните верзии во својата Europass Библиотека. Гостин-корисниците можат да ги преземат различните верзии од своето Europass CV и да ги ажурираат подоцна.

Го изгубив моето Europass CV. Што можам да направам?

Ако сте гостин-корисник, информациите што ги внесувате во вашиот Europass профил ќе бидат достапни 48 часа по последната посета.

Како регистриран корисник, вашите информации ќе бидат зачувани подолго и можете да ги зачувате вашите Europass CV-а и мотивациони писма во вашата Библиотека.

Може ли да го прилагодам моето Europass CV?

Со Europass CV уредникот можете да додадете, отстраните и уредувате делови од CV-то по желба. Деловите како „Работно искуство“ и „Образование и обука“ можат да се преместат, уредат или отстранат. Можете исто така да креирате прилагодени делови, со имиња што ќе ги изберете, во зависност од вашите потреби и искуства.

По пополнувањето на деловите кои ги преферирате ќе можете да изберете соодветен изглед на CV од листата со различни шаблони. Ова ќе ви овозможи да го прилагодите изгледот и суштината на секое CV за секоја апликација.

Како можам да го ажурирам моето Europass CV?

Ако сте регистриран корисник, можете да го чувате вашето Europass CV  во вашата Europass библиотека и да ја уредувате во секое време. Ако сте гостин-корисник, можете да го внесете вашето Europass CV во Онлајн Уредникот, да направите било какви промени во зависност од вашата потреба и повторно да го преземете CV-то.

Каде можам да го зачувам моето Europass CV?

Можете да го чувате вашето Europass CV на следниве начини:

  • Во вашата Europass Библиотека (само за регистрирани корисници)
  • Преземете го на вашиот локален уред (десктоп или мобилен уред)

Во кој формат можам да го зачувам моето Europass CV?

Во моментов, можете да го зачувате вашето Europass CV во Europass PDF верзија.

Не можам да додадам фотографија на моето Europass CV?

Проверете дали сте ја поставиле фотографијата во вистинскиот формат: PNG, JPG.

Ако е тоа случај, проверете дали големината на вашата датотека е помала од 20 MB.

Поддршка и информации Јас не сум европски државјанин. Може ли да користам Европас?

Да, Европас е бесплатен сет на онлајн алатки и информации за сите, без оглед на вашата националност или држава на престој.

Дали Европас може да ми помогне за признавање на моите вештини и квалификации?

Европас може да ви помогне да ги разберете своите вештини, квалификации и искуства на јасен и конзистентен начин. Користењето на Европас не ви дава право на какво било автоматско признавање на вашите вештини и квалификации, или други права. Европас профилот и Европас документите, како што се Додатокот на диплома, Додатокот на сертификати и Европас мобилност, можат да ви користат за да ги објасните вашите вештини и квалификации на работодавците, институциите за образование и обука и други.

Subscribe to