Дали можам да ја користам EU login апликацијата без да го заштитам мојот уред?

Не, не е можно да се користи EU Login мобилната апликација без заштита на вашиот уред со пин, шаблон или отпечаток од прст.

Како да го променам мојот ПИН код за EU login апликацијата?

Ако го изгубите или го заборавите ПИН кодот за EU login мобилната апликација, ве молиме следете ги инструкциите подолу:

  • Отворете ја EU login мобилната апликација
  • Одете во подесувања
  • Во горниот десен агол, притиснете на 3-те точки (Android) или на тркалото (IOS)
  • Притиснете на заборавен пин код
  • Внесете ги вашите идентификациски податоци за EU login поврзани со апликацијата
  • Изберете нов пин код 

Дали можам да го користам истиот уред со EU login апликацијата за пристап до повеќе Europass сметки?

Не, можете да пристапите само до една сметка на Europass (или EU login) по  уред.

Како да ја поставам EU login апликацијата на мобилен уред?

За да ја поставите мобилната апликација EU LOGIN како втор метод на автентификација за пристап до порталот Europass, треба да следите 3 чекори:

  • Да ја преземете апликацијата.
  • Да поставите „Мобилни уреди" на вашите идентификациски податоци за најава на EU Login на веб-страницата на ECAS.
  • Да изберете ‘Мобилна апликација + Пин’  метод за автентификација.

 

Преземете ја апликацијата на вашиот уред. Откако ќе ја креирате сметката и успешно ќе се идентификувате за прв пат на веб-страницата на ECAS, повлечете го глувчето во горниот десен агол за да се покаже менито и изберете ‘Моја сметка(профил)’.

Притиснете на ‘Управување со моите мобилни уреди’. Притиснете на ‘Додади мобилен уред’.

Пополнете ги потребните информации на екранот "Додади мобилен уред". Треба да дадете име за вашиот уред и да поставите четирицифрен ПИН код.

Притиснете на копчето поднеси.

Отворете ја апликацијата EU Login на вашиот телефон и изберете ја опцијата  ,ИницијализираЈ’ . Следете ги инструкциите на екранот и дозволете пристап до вашата камера.

На вашиот мобилен уред ќе се вклучи скенерот за QR кодови, а на екранот на вашиот компјутер ќе се покаже QR код.

Насочете ја камерата на вашиот мобилен телефон кон екранот на компјутерот додека QR кодот не биде препознаен.

На екранот "Автентицирај", внесете го четирицифрениот ПИН код што сте го задале претходно и кликнете на "Автентифицирај".

На вашиот уред ќе се прикаже порака за успех, кое го потврдува усогласувањето на вашиот мобилен уред со EU Login.

Честитки! Вашата мобилна апликација EU Login е успешно инсталирана и може да се користи за автентификација. Притиснете на "Продолжи" за да бидете пренасочени на екранот за добредојде.

Каде можам да ја преземам EU login апликацијата?

Можете да ја преземете мобилната апликација за EU Login од Google Play продавницата (ако имате Android како оперативен систем на вашиот уред) или од Apple App Store (ако имате iOS како оперативен систем на вашиот уред).

Не располагам со паметен телефон. Како да поставам двофакторска автентикација?

Ако во овој момент не поседувате паметен телефон на кој може да се работи со мобилната апликација EU Login можете да користите други уреди за автентификација или да користите некои од нашите други опции за автентификација.

Можете да го користите било кој компатибилен IOS или Android таблет уред за да ја инсталирате EU Login Mobile апликацијата или можете да ги користите другите две достапни опции за автентификација:

  • Безбедносен клуч (како што е Yubikey);
  • Доверлива платформа (како што е Window Hello) на вашиот компјутер.

Најдете повеќе информации за овие две опции преку упатството за EU Login и на страниците за поддршка на EU Login.

Сум ја заборавил-а лозинката за EU. Што треба да направам?

Ако сте ја заборавиле вашата лозинка или сте добиле порака за грешка која гласи "внесена погрешна лозинка", тогаш можете да побарате е-пошта за обновување на вашата лозинка.

Наведете ја вашата адреса на e-пошта и следете ги инструкциите на екранот. Сега треба да можете да креирате нова лозинка.

Се обидов да креирам сметка, но пишува дека мојата е-пошта е веќе регистрирана.

Тоа значи дека веќе сте креирале сметка за најава на EU login. Можеби е за друга апликација или веб-страница што не е Europass.

Отидете на ресетирај ја твојата лозинка и наведете ја вашата адреса на e-пошта и следете ги инструкциите на екранот.

Јас креирав сметка на EU login, но не добив е-пошта за потврда. Што треба да направам?

Неколку минути по пополнувањето на формуларот, треба да добиете е-пошта во вашето електронско сандаче за е-пошта. Ако не можете да ја пронајдете е-поштата, проверете ја вашата папка за безвредна(spam) или за непотребна(junk) пошта.

Освен тоа, проверете дали сите полиња во формуларот правилно се пополнети. Во случај да сте ја внеле погрешно адресата на е-поштата. Ако е така, вашата единствена можност е повторно да се регистрирате. Можете да ги креирате вашите EU Login идентификациски податоци. Притиснете на врската ‘Креирај сметка’ на  главната страна на EU Login.

Еуропас сега нуди поголема флексибилност и контрола врз безбедноста на вашата сметка. Веќе не е задолжително да поставите автентикација со два фактори (2FA) за да се најавите на вашата сметка на Еуропас, што ви дава поголем избор за тоа како да ги заштитите вашите податоци.

Subscribe to