Што е ESCO и како се користи во Europass?

ESCO (Европски вештини, компетенции, квалификации и занимања)  е повеќејазична европска класификација на вештини, компетенции и занимања. ESCO работи како речник, опишувајќи, идентификувајќи и класифицирајќи професионални занимања и вештини релевантни за пазарот на труд на ЕУ како и за образованието и обуката.  

ESCO обезбедува описи на 2942 професии и 13.485 вештини поврзани со овие професии, преведени на 27 јазици (сите официјални јазици на ЕУ плус исландски, норвешки и арапски).  

Europass го користи ESCO на три начини:  
1) Корисниците на Europass имаат претходно дефинирана листа на занимања од кои можат да изберат во одделот за работно искуство на нивниот профил или CV.  
2) ESCO исто така обезбедува целосни описи на занимања кога ќе одлучите да кликнете на иконата "око". Потоа можете да притиснете на копчето "Дознај повеќе", кое ќе ве пренасочи кон целосни информации за конкретното занимање.

Дали постои запис за сите случаи кога Europass имал технички проблеми?

Да, ако не сте можеле да го користите Europass поради нестабилност, можете да ја погледнете страницата на дневникот за грешки. Во неа се наведени датумите и времето кога Europass бил целосно или делумно недостапен, поради планирано техничко одржување или неочекувани технички проблеми.

Take this simple test that will help you understand your digital skills level.
Explore all the digital tools that Europass offers you to manage your learning and career.

Како можам да додадам прилог кон моето Europass CV?

Можете да ги споделите вашите документи директно од библиотеката во Europass или да додадете дел во вашето CV на Europass со врска до документот(ите) од вашата библиотека во Europass.

Споделување на документ(и) од вашата библиотека во Europass како регистриран корисник:

  • Чекор 1: Изберете го документот (ите) што сакате да го споделите со притискање на полето за избор (горе лево на секој документ).
  • Чекор 2: Изберете „Сподели” од  дадените опции.
  • Чекор 3: Можете да изберете да го прилагодите траењето на тоа колку долго луѓето со кои сте ја споделиле оваа врска можат да го гледаат вашиот документ на скок-прозорецот што се појавува.
  • Чекор 4: Притиснете на копчето „Генерирај врска”.

Ќе добиете посебна врска која можете да ја споделите со тие што сакате.

Можете исто така да ја додадете оваа врска во вашето Europass CV.

Имајте предвид дека документите што ќе ги поставите во библиотеката на Europass нема автоматски да бидат вклучени во вашето Europass CV.

Ги споделив моите информации од Europass преку препратена врска. Како можам да ја деактивирам таа врска?

  • Најавете се на вашата сметка на Europass
  • Одете во одделот "Известувања за активности" кој е под копчето "Јас".
  • Притиснете на уреди (иконата во форма на пенкало од десната страна) на конкретната врска.
  • Одберете “откажи објава” за да ја деактивирате врската

Како можам да го променам редоследот на главните оддели во моето CV?

Можете рачно да го промените редоследот на главните оддели (образование, работно искуство) или под-одделите (индивидуални работни искуства) за да ги прикажете во редоследот што го сакате.

За да преместите цел оддел:

  • Притиснете на сините стрелки кои ги гледате на левата страна од соодветниот оддел.

За да се преместите елементи во рамките на оддел:

  • Повлечете го глушецот на лево од тој елемент. Вашиот курсор ќе добие поинаква форма (крст/плус). Потоа можете да кликнете, да го задржите и да го поместите нагоре или надолу (повлечи па спушти) во зависност од тоа каде сакате да го поставите тој елемент.

Како можам да добивам предлози за работа и за курсеви?

Europass нуди предлози за работа и курсеви со тоа што ги спојува со вештините и интересите што сте ги навеле во вашиот профил и алатката „мои вештини" или „мои интереси".

  • Изберете ја опцијата „Подесувања" која е под копчето „Јас” .
  • Притиснете на „Поставки за прилагодени предлози".
  • На „Управување со предлози", притисни на уреди.

Поставете го копчето од десно на Вклучено за да можете да примате предлози за работа и курсеви. Ќе можете да видите персонализирани предлози на вашата табла за управување на Europass.

Не заборавајте да ги зачувате промените!

Subscribe to