Изјава за достапност за Европас

Оваа изјава се однесува на содржината објавена на интернет доменот: https://europass.europa.eu/ и на било кој од неговите поддомени. 

Таа интернет-страница се управува од  ГД ЕМПЛ, оддел Е1. Taa е дизајниранa така, да ja користат што е можно повеќе луѓе, вклучувајќи ги и лицата со инвалидна попреченост.

Би требало да можеш:

  • да го зголемуваш приказот до 200% со задржување на квалитетот на содржината
  • да го прегледуваш поголемиот дел од интернет-страницата само со помош на тастатура
  • да го прегледуваш поголемиот дел од интернет-страницата, користејќи современ читач на екран и софтвер за препознавање на говор (на вашиот компјутер или телефон)]. 

Оваа интернет-страница е изработена во согласност со техничкиот стандард за интернет-страници и мобилни апликации, EN 301 549,  v.3.2.1. Тоа тесно се придржува кон нивото „AA“ од насоките за достапност на интернет содржината (WCAG) верзија 2.1.

Ниво на усогласеност

Оваа интернет-страница е усогласена делумно со техничкиот стандард EN 301 549 v.3.2.1 и со нивото АА од насоките за достапност на интернет содржината (WCAG) верзија 2.1. За повеќе детали види го делот „Недостапна содржина“.

Интернет-страницата последен пат е тестирана во април 2023 година.

Изготвување на оваа изјава

Оваа изјава е преразгледана на 15.12.2023.

Повратни информации

Ги очекуваме твоите повратни коментари и предлози во врска со достапноста на интернет-страницата на Europass. Ако наидеш на проблеми со достапноста, да не известиш:

  • На телефонскиот број: 00 800 6 7 8 9 10 11 од било каде во ЕУ во текот на работните денови во неделата од 09:00 - 18:00 CET по средноевропско време на било кој јазик на ЕУ* (повиците се бесплатни). 
  • Формулар за повратни информации: Пиши ни преку формуларот за контакти за Европас

Ние ќе се обидеме да одговориме во рок од 15 работни дена од датумот кога одговорната служба на Комисијата ќе го прими прашањето.

Компатибилност со прегледувачи и помошни технологиии

Интернет-страницата на Europass е дизајнирана да биде компатибилна со следниве најчесто користени помошни технологии:

  • најновата верзија на прегледувачите Google Chrome, Mozilla Firefox и Microsoft Edgе;
  •  во комбинација со најновите верзии на помошни технологии. 

Технички спецификации

Достапноста на интернет-страницата на Europass се потпира на следниве технологии, за да работи со конкретната комбинација на интернет прегледувач и било какви помошни технологии или програмски додатоци, инсталирани на твојот компјутер:

  • HTML
  • WAI-ARIA
  • CSS
  • JavaScript

Недостапна содржина

Иако сме посветени да ја осигураме достапноста на интернет-страницата на Europass, постојат познати проблеми, на кои активно работиме. Ти благодариме на твоето разбирање и трпение додека работиме на решавање на тие проблеми. Ако наидеш на проблем со достапноста кој не е наведен подолу, контактирај не.

Познати проблеми (решавањето се предвидува до крајот на 2024 година): 

  • Некои страници може да имаат лош контраст на боја.
  • Некои функции не се достапни или се достапни во ограничена мера (слаб фокус) за корисниците кои користат само тастатура.
  • За повеќето визуелни елементи нема алтернативни текстуални описи на соодветниот јазик.
  • Некои полиња немаат ознаки за читачи на екран или слични помошни технологии.
  • Некои пораки за грешка не се јасно поврзани со контролите на формуларите.
  • Некои документи се во PDF формат и не се достапни.
  • Некои страници не се целосно прилагодени за читачи на екрани или слични помошни технологии.
  • Некои наслови не се правилно структурирани за помошни технологии.
  • Некои страници содржат елементи, како на пример табели и странични менија за избор кои можеби не се достапни.
  • Некои URL адреси немаат разбирливи или точни имиња на патеки.
  • Некои елементи не се целосно прилагодени за достапност на мобилни уреди.