Најчесто поставувани прашања

Пoддршкa И Инфopмaции

Како да го проверам нивото на мојата квалификација на ниво на Европска квалификациска рамка (ЕКР)?

Информациите за нивото на ЕКР може да бидат содржани во вашите квалификациски документи (диплома, сертификат, уверенија), или ваквите информации можете да ги побарате од институцијата каде што сте учеле.

Како да добијам поддршка во мојата држава?

Можете да пребарувате информации и услуги за да ви помогнат во различни држави  преку полињата Учете во Европа и Работете во Европа. Изберете од листата на платформата држава за која сте заинтересирани.

За дополнителни информации, во врска со Европас, можете да го контактирате Националниот Европас центар во вашата држава.

Што се националните центри на Европас?

Европас националниот центар ги координира сите активности поврзани со Европас во секоја држава што учествува во Европас. Тоа е појдовна точка на контакт за кое било лице или организација, заинтересирани за користење или учење повеќе за Европас. Може да го контактирате Европас националниот центар во вашата држава, или во државата за која сте заинтересирани да работите или да учите.

Ja sam slepa ili slabovida osoba. Mogu li da koristim Europass CV?

Da, Europass je pažljivo razvijen uzimajući u obzir slabovide i slepe osobe. Podržava pomoćnu tehnologiju i nudi alternative ljudima sa takvim izazovima.

Може ли да ги користам или да ги репродуцирам информациите содржани на веб-страницата на Европас?

Вам ви е дозволено да ги користите информациите на веб-страницата на Европас, ако го потврдите изворот (Европска унија).

Дали Европас може да ми помогне за признавање на моите вештини и квалификации?

Европас може да ви помогне да ги разберете своите вештини, квалификации и искуства на јасен и конзистентен начин. Користењето на Европас не ви дава право на какво било автоматско признавање на вашите вештини и квалификации, или други права. Европас профилот и Европас документите, како што се Додатокот на диплома, Додатокот на сертификати и Европас мобилност, можат да ви користат за да ги објасните вашите вештини и квалификации на работодавците, институциите за образование и обука и други.

Поддршка и информации Јас не сум европски државјанин. Може ли да користам Европас?

Да, Европас е бесплатен сет на онлајн алатки и информации за сите, без оглед на вашата националност или држава на престој.

Што претставува регистарот на податоци за квалификации (QDR)?

Националните органи можат да подготват и објават квалификации, акредитација и можности за учење во Europass преку платформата за регистар на податоци за квалификации (QDR). QDR (регистар на податоци за квалификации) е инструмент разработен од страна на Комисијата за да им помогне на националните органи да ги објават своите податоци како "поврзани отворени податоци" кои можат полесно да се објавуваат, поврзуваат и користат.

Што е акредитација?

Акредитацијата во контекстот на Europass е осигурување на квалитетот или лиценцирање на дадена организација или квалификација. Пример за акредитација во контекстот на Europass може да се користи за посочување на информации за два типа на акредитација.

  • Институционално лиценцирање: осигурување на квалитет и/или лиценцирање на ниво на организација. Тоа подразбира дозвола за дејноста за институцијата да работи (на пример, издавање на квалификација) и се доделува од страна на јавните органи или од нивните ополномоштени лица.
  • Акредитација на програмата/квалификацијата: дозвола за спроведување на одредена програма или квалификација. Опишува постапка за лиценцирање, применувана на ниво на една или повеќе програми/квалификации. Тоа подразбира дозвола за дадена институција да спроведе специфични програми / квалификации и се доделува од страна на јавните органи или од нивните ополномоштени лица.
Што е ESCO и како се користи во Europass?

ESCO (Европски вештини, компетенции, квалификации и занимања)  е повеќејазична европска класификација на вештини, компетенции и занимања. ESCO работи како речник, опишувајќи, идентификувајќи и класифицирајќи професионални занимања и вештини релевантни за пазарот на труд на ЕУ како и за образованието и обуката.  

ESCO обезбедува описи на 2942 професии и 13.485 вештини поврзани со овие професии, преведени на 27 јазици (сите официјални јазици на ЕУ плус исландски, норвешки и арапски).  

Europass го користи ESCO на три начини:  
1) Корисниците на Europass имаат претходно дефинирана листа на занимања од кои можат да изберат во одделот за работно искуство на нивниот профил или CV.  
2) ESCO исто така обезбедува целосни описи на занимања кога ќе одлучите да кликнете на иконата "око". Потоа можете да притиснете на копчето "Дознај повеќе", кое ќе ве пренасочи кон целосни информации за конкретното занимање.

Кopиcтeњe нa Eвpoпac

Како да се регистрирам во Европас?

За да се регистрирате во „Европас“, прво треба да креирате ваше „ЕУ најавување“ , што Комисијата на ЕУ го нуди како корисничка услуга. За да креирате „ЕУ најавување“, ја внесувате вашата е-пошта и креирате лозинка. Потоа ќе добиете е-пошта со линк што ќе ви овозможи да го завршите процесот на регистрација. Како регистриран корисник можете да почнете да го користите Европас. Регистрираните корисници имаат целосен пристап до сите алатки на Европас, вклучувајќи го и профилот, библиотеката и предлозите за работни места и курсеви.

Што да направам ако ја заборавам лозинката за најавување во ЕУ?

Ве советуваме само да кликнете на "Ја заборавивте лозинката?" на страницата за најавување. Имајте предвид дека не можете да ја ресетирате вашата лозинка ако вашата сметка е заклучена. Сепак, одделот за помош за најавување во ЕУ ќе може да ви помогне. Ве молиме, најдете ја целата постапка опишана на страницата за најавување.

Може ли да користам Европас на мобилен уред?

Да, можете да го користите Европас на таблети и мобилни телефони,  на различни веб-пребарувачи и различни големини на прозорци со различни резолуции.

Мојот пребарувач не го прикажува Европас правилно. Што можам да направам?

Ажурирајте го вашиот пребарувач или размислувајте за користење на друг, на пример, последната верзија на Firefox, Chrome, или Internet Explorer. Доколку проблемот продолжи, контактирајте го Европас тимот.

Употреба на Европас На кои јазици е достапен Европас?

Европас е достапен на следниве јазици на државите-учеснички во Европас:

  • бугарски
  • хрватски
  • чешки
  • дански
  • холандски
  • англиски
  • естонски
  • фински
  • француски
  • германски
  • грчки
  • унгарски
  • український
  • исландски
  • ирски
  • италијански
  • латвиски
  • литвански
  • македонски
  • малтешки
  • норвешки
  • полски
  • португалски
  • романски
  • српски
  • словачки
  • словенечки
  • шпански
  • шведски
  • турски
  • црногорски јазик
Како можам да добивам предлози за работа и за курсеви?

Europass нуди предлози за работа и курсеви со тоа што ги спојува со вештините и интересите што сте ги навеле во вашиот профил и алатката „мои вештини" или „мои интереси".

  • Изберете ја опцијата „Подесувања" која е под копчето „Јас” .
  • Притиснете на „Поставки за прилагодени предлози".
  • На „Управување со предлози", притисни на уреди.

Поставете го копчето од десно на Вклучено за да можете да примате предлози за работа и курсеви. Ќе можете да видите персонализирани предлози на вашата табла за управување на Europass.

Не заборавајте да ги зачувате промените!

Ги споделив моите информации од Europass преку препратена врска. Како можам да ја деактивирам таа врска?
  • Најавете се на вашата сметка на Europass
  • Одете во одделот "Известувања за активности" кој е под копчето "Јас".
  • Притиснете на уреди (иконата во форма на пенкало од десната страна) на конкретната врска.
  • Одберете “откажи објава” за да ја деактивирате врската
Дали постои запис за сите случаи кога Europass имал технички проблеми?

Да, ако не сте можеле да го користите Europass поради нестабилност, можете да ја погледнете страницата на дневникот за грешки. Во неа се наведени датумите и времето кога Europass бил целосно или делумно недостапен, поради планирано техничко одржување или неочекувани технички проблеми.

Урeдник нa Eвpoпac CV и мoтивaциoнo пиcмo

Не можам да додадам фотографија на моето Europass CV?

Проверете дали сте ја поставиле фотографијата во вистинскиот формат: PNG, JPG.

Ако е тоа случај, проверете дали големината на вашата датотека е помала од 20 MB.

Во кој формат можам да го зачувам моето Europass CV?

Во моментов, можете да го зачувате вашето Europass CV во Europass PDF верзија.

Каде можам да го зачувам моето Europass CV?

Можете да го чувате вашето Europass CV на следниве начини:

  • Во вашата Europass Библиотека (само за регистрирани корисници)
  • Преземете го на вашиот локален уред (десктоп или мобилен уред)
Како можам да го ажурирам моето Europass CV?

Ако сте регистриран корисник, можете да го чувате вашето Europass CV  во вашата Europass библиотека и да ја уредувате во секое време. Ако сте гостин-корисник, можете да го внесете вашето Europass CV во Онлајн Уредникот, да направите било какви промени во зависност од вашата потреба и повторно да го преземете CV-то.

Може ли да го прилагодам моето Europass CV?

Со Europass CV уредникот можете да додадете, отстраните и уредувате делови од CV-то по желба. Деловите како „Работно искуство“ и „Образование и обука“ можат да се преместат, уредат или отстранат. Можете исто така да креирате прилагодени делови, со имиња што ќе ги изберете, во зависност од вашите потреби и искуства.

По пополнувањето на деловите кои ги преферирате ќе можете да изберете соодветен изглед на CV од листата со различни шаблони. Ова ќе ви овозможи да го прилагодите изгледот и суштината на секое CV за секоја апликација.

Го изгубив моето Europass CV. Што можам да направам?

Ако сте гостин-корисник, информациите што ги внесувате во вашиот Europass профил ќе бидат достапни 48 часа по последната посета.

Како регистриран корисник, вашите информации ќе бидат зачувани подолго и можете да ги зачувате вашите Europass CV-а и мотивациони писма во вашата Библиотека.

Може ли да направам различни верзии од моето Europass CV?

Може да направите различни верзии од вашето Europass CV. Можете исто така да ги користите различните достапни видливи обрасци. Регистрираните корисници можат да ги складираат различните верзии во својата Europass Библиотека. Гостин-корисниците можат да ги преземат различните верзии од своето Europass CV и да ги ажурираат подоцна.