Европас за консултантско насочување

Европас обезбедува повеќејазични алатки и релевантни информации кои се наменети за експертите за кариерно советување и насочување, за да им помогнат на луѓето во кариерата и учењето.

Платформата Европас, управувана од Европската комисија, е збир на бесплатни онлајн алатки и информации за доживотно учење и развој на кариерата. Овие алатки и информации се вреден ресурс за поединци, како и за експерти за кариерно советување и насочување, при  поддршка и информации на лицата заинтересирани за студирање, обука, работа и волонтирање во Европа.

 

Онлајн платформа за личен и професионален развој

Планирањето на учење и кариера не е само барањето на поддршка од експертите за кариерно советување и насочување, туку и ажурирани информации и алатки за поддршка на луѓето во нивните одлуки.

Европас нуди бесплатен сет на онлајн алатки и информации што им помага на луѓето да управувуваат со секој чекор од нивното учење и кариера. Новиот Европас профил им овозможува на корисниците да ги прикажат, документираат и споделат своите вештини, квалификации и искуство, од секоја фаза од нивниот живот. Ги поддржува луѓето да најдат соодветна работа, или курс, предлагајќи релевантни можности што одговараат со вештините и искуството на поединците. Тој нуди бесплатни онлајн алатки за рефлексија, пристап до информации и можност за чување и прикажување на дигитални акредитиви.

Европас е дизајниран како услуга, со лесен пристап, која одговара на потребите на различните групи на корисници (достапна на 30 различни европски јазици).

 

Поедноставување на комуникацијата помеѓу клиентот и експертите за кариерно советување и насочување

Експертите за кариерно советување и насочување и други професионалци можат да користат алатки и информации на Европас со своите клиенти за повеќе намени. Експертите за кариерно советување и насочување можат да работат со клиенти за да го завршат својот Европас профил и да добијат целосна слика за нивните вештини, квалификации и интереси. Клиентите можат да добиваат предлози за курсеви и работа врз основа на информациите од нивниот профил. Клиентите, исто така, можат лесно да споделуваат информации од својот профил со експертите за кариерно советување и насочување за да дојдат до потребната кариера и насоките за учење.

Европас нуди информации за учење во Европа и работење во Европа коишто можат да ви бидат од корист кога им помагате на клиентите. Експертите за кариерно советување и насочување, исто така, можат да најдат ажурирани информации на следниве полиња:

На Европас платформата можете да најдете различни информации за услуги на европско и национално ниво, извори на информации и други слични мрежи што можат да обезбедат поддршка за клиентите.

Европас има за цел да биде алатка за давање совети и насоки, поддржувајќи ги насоките за доживотно учење за да може полесно да се пронајдат нови можности за вработување, учење и мобилност. Европас е бесплатна алатка што експертите за кариерно советување и насочување можат да ја користат со различни корисници и, со тоа, да поттикнуваат вклучување, учество и достапност на сите.

Woman pointing at a white board with sticky notes about learning and skills

Промовирајте го Европас на учениците, работниците, барателите на работа и волонтерите

Европската комисија работи со државите учеснички, заинтересирани страни и експерти низ ЕУ за развој и унапредување на Европас. Експертите за кариерно советување и насочување во секторот образование и вработување играат клучна улога во користењето на Европас за да им помогнат на разновидната таргет група и да покажат потенцијал дека Европас може да се приспособи на различните потреби.

Контактирајте нè за какви било повратни информации или прашања на Europass.