Кои информации можете да ги видите на страницата „Јас“ во Европас?

Страницата „Јас“ е интерактивен приказ на сите ваши информации во Европас. Од страницата „Јас“ можете да пристапите до најновата верзија на вашиот профил. Може да гледате предлози за работни места и курсеви што ги одбирате, или зачувувате како омилени. Можете, исто така, да пристапите до кратката биографија и мотивациското писмо, или да додавате нови информации во „Мои вештини“ и „Мои интереси“. Можете да ја видите и вашата „Повратна активност“, која дава преглед на сите ваши неодамнешни активности на Европас и да ги видите Мои поставки каде можете да управувате со поставките за приватност (заштита на лични податоци).

Дали можете да поставите фотографии во вашиот Европас профил?

Да, можете да поставите слики, датотеки, или да додадете линкови до видеа од релевантни делови од вашиот Европас профил, кои автоматски ќе се чуваат во вашата Европас библиотека ако сте регистриран корисник.

Кој има пристап до вашиот Европас профил?

Европас е ваш профил и никој друг не може да пристапува до него, или до вашите информации. Можете да изберете да го споделите вашиот профил (или делови од вашиот профил) со кого сакате. На пример, можете да го споделите вашиот профил со работодавецот како дел од апликацијата за работа. Регистрираните корисници, исто така, можат да го споделат линкот до нивниот профил за одреден временски период.

Каков вид на информации треба да бидат вклучени во вашиот Европас профил?

Вашиот Европас профил е ваш онлајн простор за снимање на вашите вештини, квалификации и искуства. Можете да вклучите информации за сите ваши вештини, достигнувања и проекти од сите аспекти на вашиот живот - работа, дом, студии, волонтирање и хоби. Никогаш не вклучувајте чувствителни лични информации на вашиот профил, како што се вашето здравје, убедувања, или информации што не се релевантни за вашата кариера и студии.

Дали треба да ги пополните сите делови од Европас профилот?

Од вас се бара да ги пополните само задолжителните полиња (име и презиме). Имате право да изберете делови кои сакате да ги пополните и можете да додадете нови делови со наслов што сами ќе го изберете, да ги опишете своите вештини, достигнувања и проекти. Како и да е, важно е да го ажурирате вашиот Европас профил со вашите нови вештини, квалификации и искуства за да имате секогаш ажуриран профил.

Како да креирате Eвропас профил на друг јазик?

Можете да креирате ваш Eвропас профил на 30 различни јазици. Кога ќе го креирате вашиот профил, можете да изберете соодветен јазик за создавање на вашиот профил.

Дали треба да го пополните целиот Европас профил одеднаш?

Не, не морате да го пополните целиот Европас профил одеднаш. Всушност, многу ретко би ги употребиле сите елементи, или би ги пополниле сите делови одеднаш. Правењето профил е тековен процес и треба да го ажурирате секојпат кога сте завршиле со студии, со ново работно искуство, или, пак, сакате да забележите нови вештини што сте ги развиле.

Споделување на вашиот Европас профил

Вашиот Европас профил е приватен, но можете да споделите линк од него со работодавците, образовните институции, или советниците за насочување како помош, или како дел од вашата апликација. Можете да го споделите вашиот целосен профил, или да изберете специфични делови од вашиот профил за споделување. Можете да го споделите профилот за одреден временски период и можете да го „избришете“ линкот во секое време, така што веќе нема да биде видлив за надворешни страни. Секогаш осигурајте се дека го знаете идентитетот на оној со кого го споделувате вашиот профил и никогаш не споделувајте чувствителни, лични информации

Што е „Мои интереси“?

Со „Мои интереси“ регистрирани корисници на Европас можат да ги опишаат своите интереси и цели. Можете да изберете листа на главни цели, кои се поврзани со вашата кариера и студии или други можности, како што се волонтирање или патување. Можете, исто така, да ја означите посакуваната локација/ите со избирање на релевантни градови и држави. Конечно, можете да наведете теми и вештини за кои сакате да дознаете повеќе. Информациите во Мои интереси ќе се користат за да ви се понудат приспособени предлози за работа и курсеви.

Што е „Моја библиотека“?

Вашата Европска библиотека е вашиот бесплатен онлајн простор, поврзан со вашиот Европас профил, каде што можете да чувате датотеки поврзани со вашата кариера и студии. Можете да ги испратите и споделите вашата кратка биографија, мотивациски писма, дигиталните овластувања, наградите, сертификатите, дипломите и сите други релевантни документи. Никогаш не чувајте документи што содржат чувствителни лични информации (пример: лозинки или детали за банкарска сметка) во вашата Европас библиотека.

Subscribe to Кpeиpaјтe гo вaшиoт Eвpoпac пpoфил